Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќе има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.
Во недела нема да има гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше и Центар Жупа бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа. Членови на советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус.
Гласањето почнува во сабота кога се изјаснуваат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, и според податоците на ДИК и 1409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови и шест внатрешно раселени лица.
Првпат на локалните избори се применуваат терминали за биометриска идентификација на гласачите, а ќе се применуваат и општите мерки за заштита од Ковид-19.
Во вториот круг од Локалните избори на 31 октомври 2021 година ќе се гласа за следните кандидати за градоначалници во општините:
Арачиново: Ридван Ибраими од ДУИ и Меликије Халими од СДСМ
Битола: Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Христо Кондовски
Боговиње: Бесник Емши од ДУИ и Аљбон Џемаили од Алијанса и Алтернатива
Брвеница: Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Енвер Пајазити – независен
Василево: Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ
Вевчани: Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Јанкоски СДСМ
Врапчиште: Неби Реџепи од ДУИ и Исен Шабани од Алијанса и Алтернатива
Гевгелија: Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Поцков од СДСМ
Гостивар: Невзат Бејта од ДУИ и Арбен Таравари од Алијанса и Алтернатива
Дебарца: Игор Крцовски од СДСМ и Зоран Ногачевски – независен
Демир Капија: Андон Донев од ВМРО-ДПМНЕ и Лазар Петров од СДСМ
Демир Хисар: Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ и Стевче Митревски од СДСМ
Долнени: Урим Ибески од ДУИ и Аднан Џафероски од СДСМ
Желино: Фатмир Изаири од ДУИ и Блејерим Сејдини од Беса
Зелениово: Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ и Борче Гиевски од СДСМ
Карпош: Стевчо Јакимовски ГРОМ и Душко Весковски од СДСМ
Кичево: Фатмир Дехари од ДУИ и Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ
Конче: Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и Благој Илиев од СДСМ
Кочани: Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ и Николчо Илијев од СДСМ
Кратово: Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Бојковски од СДСМ
Куманово: Оливер Илиевски од СДСМ и Максим Димитриевски – независен
Лозово: Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ и Ацо Велковски од СДСМ
Македонска Каменица: Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ и Соња Стаменкова од СДСМ
Македонски Брод: Жарко Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ и Ацо Новески – независен
Ново Село: Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ
Охрид: Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и Константин Георгиевски од СДСМ
Пехчево: Александар Китановски од ВМРО-ДПМНЕ и Славко Пандурски од СДСМ
Пробиштип: Марјан Миленковски од ВМРО-ДПМНЕ и Драган Анастанов од СДСМ
Радовиш: Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и Коле Чаракчиев од СДСМ
Ранковце: Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ и Даниел Крстевски од СДСМ
Ресен: Јован Терзиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Живко Гошаревски од СДСМ
Росоман: Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ и Стојан Николов од СДСМ
Старо Нагоричане: Жаклина Јовановска од СДСМ и Власте Димковиќ од ТМРО
Струга: Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од Алијанса и Алтернатива
Студеничани: Ејуп Абази од ДУИ и Азен Садики од ДПА
Теарце: Нухи Незири од ДУИ и Назим Таити од Алијанса и Алтернатива
Тетово: Теута Арифи од ДУИ и Билал Касами од Беса
Центар: Наташа Котлар-Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Герасимовски од СДСМ
Чаир: ДУИ Висар Ганиу и Беким Сали од Алијанса и Алтернатива
Чашка: Суат Шаќиров од ДУИ и Горан Стојановски од СДСМ
Чешиново-Облешево: Далибор Ангелов од ВМРО-ДПМНЕ и Горанчо Крстев од СДСМ
Чучер Сандево: Сашко Комненовиќ од СДСМ и Јован Пејковски – независен
Шуто Оризари: Курто Дудиш од ДОМ/ЛДП и Ферат Асани од СДСМ
Град Скопје: Петре Шилегов од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, независна, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ
Во првиот круг од гласањето, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници беа избрани во: Аеродром – Тимчо Муцунски, Босилово – Ристо Манчев, Бутел – Дарко Костовски, Велес – Марко Колев,
Виница – Миле Петков, Гази Баба – Бобан Стефковски, Ѓорче Петров – Александар Стојкоски, Градско – Киро Нацков, Зрновци – Борчо Коцев, Илинден – Александар Ѓоргиевски, Јегуновце – Димитар Костадиновски, Кавадарци – Митко Јанчев, Карбинци – Виктор Паунов, Могила – Драганчо Сабатковски, Неготино – Горан Стојанов, Новаци – Стевче Стевановски, Петровец – Борче Митевски, Прилеп – Борче Јовчевски, Свети Николе – Дејан Владев, Сопиште – Стевче Трпковски, Штип – Иван Јорданов.
Од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ избрани градоначалници има во општините Берово – Звонко Пекевски, Богданци – Блаже Шапов, Валандово – Перо Костадинов, Делчево – Горан Трајковски, Дојран – Анго Ангов, Крива Паланка – Сашко Митовски, Кривогаштани –Николче Мицковски, Крушево – Томе Христовски, Струмица – Констадин Костадинов, во Липково и Сарај во првиот круг има избрано двајца градоначалници од ДУИ, тоа се Еркан Арифи, односно Блерим Беџети.