Вјоса Османи двапати кршела процедури, а МВР молчело

112

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментира е голема разликата сега и во времето на СДСМ и ДУИ, со оглед на тоа што во случајот со инцидентот на скопскиот аеродром поднесена е кривична пријава за обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Од партијата велат дека во два наврати за време на претходната Влада, косовската претседателка, Вјоса Османи, кршела процедури и протоколи, а МВР молчело.

„Еве делови од записникот: ‘По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателката, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер’, се наведува во записникот од 16 се септември 2023 година.

Истата ситуација се повторила и на 9 октомври. Косовската страна тврди дека благодарение на дипломатскиот имунитет, багажот на претседателката не треба да се проверува.

„Откако стигнале до ВИП-секторот, на одговорното лице за безбедноста на делегацијата и раководството на протоколот (кој тој ден бил лицето Д.М со матичен број 5785) (од косовската делегација) било кажано дека не се согласуваат личниот багаж на претседателката на Косово да влезе во контролата на скенерот. Причините за тоа се засноваат на дипломатскиот имунитет на претседателката. Од страна на капетанот на летот и претставник на „Кроација ерлајнс“, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, истакнато е дека додека не дозволат проверка на багажот, истата нема да биде прифатено на летот“, се наведува во записникот од дата 9 октомври 2023 година. Тогаш МВР молчело, а СДС и ДУИ биле на услуга на кршењето на законите.

ВМРО-ДПМНЕ на крајот додава: СДС со чаршав соопштенијата си пука во слепоочницата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content