Вучиќ од Бугарија: Вклучете го Западен Балкан во плановите на ЕУ за цените на енергијата

40

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, побара од ЕУ да ги стави земјите од Западен Балкан на заедничката листа на земји од ЕУ кога станува збор за цените на енергијата.

Вучиќ кој присуствуваше на пуштањето на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција, рече дека настанот е од големо значење за Србија бидејќи земјата ја почна изградбата на интерконектор со Бугарија.

„Се надевам дека во 2023 година ќе можеме да одржиме голема церемонија“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека претстојната есен и уште потешка зима ќе бидат тешки за сите кога станува збор за цените и обезбедувањето доволни количества енергија и побара, обраќајќи и’ се на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, да се стават земјите од Западен Балкан на заедничка листа со земјите од ЕУ.

„Драга Урсула, не го слушајте 100 проценти мојот пријател Киријакос Мицотакис и не ги повторувајте 100 посто мерките од ерата на борбата против Ковид – благодарни сме за вашата поддршка, но кога зборуваме за пари, не можеме да ги апсорбираме овие цени на енергентите. Затоа ве молам вклучете го Западен Балкан на тој список заедно со другите од ЕУ и знам дека мојот пријател Мицотакис ќе се согласи нашите земји од Западен Балкан да ги ставите на ист список со земјите од ЕУ кога се во прашање цените и ќе бидеме бескрајно благодарни“, рече Вучиќ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content