Враќање на крајот од школската година: Од утре забрането носење мобилен телефон во основните училишта

22

Соопштение до сите ученици што учат во ООУ „Блаже Конески“ Прилеп

По упатството на Министерството за образование и наука, исто така целосната поддршка на Локалната самоуправа и Градоначалникот , едногласно усвоена на Наставнички совет на училиштето и Советот на родители.

ООУ “Блаже Конески” – Прилеп им соопштува на сите ученици од прво до деветто одделение дека од утре 04.09.2023 год. стапува во сила апсолутна забрана за носење телефони во рамките на училиштето, и ограничено користење на телефон на наставниците.

Секој родител ќе има телефонски број од класниот раководител, стручната служба и директорот за било каква потреба од ученикот.

Ова соопштение треба да се сфати за сериозно, бидејќи секој телефон откриен во рамките на училиштето ќе биде одземен и вратен до крајот на учебната година – стои во соопштението кое на социјалните мрежи го сподели директорот на училиштето.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content