Вратени девет, а примени и четири нови членови на Алијанса на Албанците во болницата во Прилеп, се пофали претседателот на огранокот

119

Претседателот на партискиот огранок на Алијанса на Албанците во општина Долнени, Ерол Абдиу, се пофали дека деветмина од луѓето на кои им завршија договорите во прилепската болница, од денеска се враќаат на работа, а со нив доаѓаат уште четворица нови.

-Враќање на правдата за вработените во Болницата во Прилеп. Како Претседател на Огранокот на Алијансата за Албанците во Долнени, сакам да споделам важна вест. Како што ветив, утре на своите работни места се враќаат 9 вработени во Болницата во Прилеп, на кои им беше прекинат договорот. Исто така, утре со работа започнуваат и 4 нови вработени. Нема да застанеме тука! Тие што со години се потсмеваа на граѓаните и манипулираа со населението, денес јасно ја гледаат разликата. Ние работиме со посветеност и одговорност, а не со измами и политички игри.
Овој резултат немаше да биде можен без мојата заложба и без силната поддршка од нашиот лидер, Д-р Арбен Таравари. Правдата и достоинството на работниците секогаш ќе бидат наш приоритет. Продолжуваме уште посилно – напиша Абдиу на Фејсбук.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content