Вработените во јавните обвинителства од утре нема да работат ни итни случаи ако не им бидат исполнети барањата
Веќе седумнаесетти ден вработените во јавните обвинителства штрајкуваат за покачување од 78 проценти на минималната плата и враќање на додатокот на плата од 35 отсто.
На денешниот собир, на кој излегоа стотици вработени од судската служба, беше упатено предупредување до Владата дека ако работната група не седне на маса со штрајкувачите во текот на денот, од утре ќе се премине кон поригорозен штрајк.
„Штрајкот нема да престане. Ако работната група од пет министри не седне да разговара со штрајкувачите, штрајкот ќе стане поригорозен. Досега се работеше само на итните и неодложни работи – како претреси, притвори, а од утре нема да се работи ништо“, порача претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, додавајќи дека таквиот потег би го парализирал правосудството.
Од Синдикатот велат дека не разбираат зошто Владата инсистира минималната плата да биде избришана како основен елемент од нивните плати. Појаснуваат дека тоа значи дека кога во март в година ќе порасне минималната плата, никој од овие вработени нема да добие усогласување со минималната плата.