Во 2022 година седум отсто од вработените во Европската унија работеле прекувремено

34

Над 30 отсто од самовработените работеле прекувремено, што е значително повеќе во споредба со категоријата вработени, во која четири отсто од луѓето работеле прекувремено, покажува истражувањето објавено по повод 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.Квалификувани работници во земјоделството, шумарството и рибарството, 28 проценти од нив, како и менаџерите – 24 проценти, работеле многу повеќе прекувремено во споредба со сите други големи групи вработени, каде што во просек помалку од осум проценти од вработените работеле прекувремено.

Најголем број луѓе кои работат прекувремено е забележан во Грција – 13 отсто од вработените, додека Франција и Кипар се на второ и трето место со по десет отсто.

Вработените најмалку прекувремена работа работеле во Бугарија, Литванија и Латвија – по еден процент, пренесува Танјуг.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content