Во 2022 година откриени 146 нови видови животни, растенија и габи

54

На крајот од секоја година група истражувачи од Академијата на науки во Калифорнија ги сумира откритијата на нивните колеги и објавува извештај за новооткриените видови животни, растенија и габи, за да се прошири нашето знаење за биодиверзитетот на Земјата и да се подобрат шансите да го заштитиме светот на природата.

На освов на собраните податоци тие дошле до заклучок дека во 2022 гоидна се откриени 146 нови видови животни, растенија и габи, меѓу кои најбројни се гуштерите – ги има дури 44, потоа мравите – 30, морските полжави – 14 и билките скриеносеменки – исто така 14 нови видови. Во нивно друштво се најдоа и 13 морски ѕвезди, 7 риби, по 4 видови бубачки и ајкули, како и 3 молци, по 2 црва, пајака, лишаја и крастави жаби, како и една школка, растителна вошка и песочен долар – вид на морски еж.

Овие видови се откриени на 6 континенти и во 3 океани, пружајќи уште еден доказ колку е нашата планета неистражена.

Во продолжение едни од највпечатливите примероци од овие 146 новооткриени видови:

Cirrhilabrus finifenmaa

Буквално преведено, нејзиното име би гласило „самовила со вел од роза“, воедно и прва риба од Малдивите што ја опишал локален истражувач и добила име на локалниот јазик што има за цел да ги опише розовите нијанси слични на оние што се гледаат на националната билка на овој оддалечен остров.

URL
Paruroctonus soda и Paruroctonus conclusus

Заедно со научникот Лорен Еспосито, средношколците Харпер Форбс и Патрик Џејн открија два нови видови скорпии – Paruroctonus soda и Paruroctonus conclusus. Она што засега е познато е дека се мали по големина и ги населуваат пустините на Централна и Јужна Калифорнија. Со тоа што P. soda може да се најде на заштитено земјиште, за разлика од P. conclusus кој живее надвор од него, тоа им прави големи проблеми на научниците кои се обидуваат да ја заштитат.

URL
Podarcis latastei

Или поницијански гуштер, е вид од фамилијата Lacertidae – доминантните влекачи во Европа. Поточно, кога станува збор за овој вид, единствениот податок засега е дека тој претставува ендемичен вид во Италија.

URL
Microlicia barbata

Годинава, ботаничарот Фран Алмејда и научникот Рикарду Пасифику опишаа неколку нови видови на цветни растенија од планините Кампо Рупестре во Бразил, познати по екстремните временски услови и почва сиромашна со хранливи материи. Сепак, токму поради овие услови, животот морал да се прилагоди на околината на уникатни начини – што резултирало со богатство на растителен свет како што се грмушките со жолти цветови Microlicia prostrata. Засега не се знае многу за неа, а научниците тврдат дека во регионот каде што е откриена сѐ уште има непознати растителни видови кои допрва треба да се истражат.

URL
Trapania undulata

Според многумина, ова беше значајна година кога станува збор за откритија во светот на безрбетниците, пред сѐ ова се однесува на откритието на Тери Гослајнер кој откри 14 нови морски полжави во Индо-пацифичкиот регион. Самиот Гослајнер опиша околу четвртина од овие морски животни, а во последно време се фокусираше на помали, тешко достапни видови.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content