Во храмот Св. Петка наградени најдобрите ученички литературни и ликовни творби од конкурсот „Рожденство Христово Божик во нашиот дом”

103

Вчера во храмот Св. Петка, се одржа свеченост по повод завршувањето на вториот Божикен награден конкурс, кој го привлече вниманието на повеќе од 400 ученици од основните училишта во Прилеп, со пристигнати повеќе од 450 ликовни и литературни творби. Под темата „Рождество Христово – Божик во нашиот дом“, младите таленти преку своите ликовни и литературни творби го изразија празничниот дух и богатството на нивната имагинација.

Празничниот сончев ден придонесе платото пред храмот да биде претсно за сите деца, родите, наставници и посетители кои се восхитуваа на прекрасните творби кои беа изложени во црковниот двор но ќе бидат изложени и во текот на целата седмица во храмот.

Честа да го отвори настанот ја имаше хорот при ООУ „Блаже Конески“ предводен од наставничката по музичко образование Маја Кузманоски кој се претстави со две духовни композиции кои внесоа духовна топлина и свеченост на овој ден. Потоа следеше поздравен говор од старешината на храмот протоереј Љупче Петрески, кој ги истакна важноста на овој конкурс за поттикнување на креативноста кај децата и за приближување на Божикниот дух до младите генерации. Тој упати благодарност до наставниците, родителите и сите учесници, чиј придонес ја направи оваа иницијатива успешна.

Потоа на „сцената“ пред храмот настапија учениците од III3 одделение предводени од одделенскиот наставник Весна Арсиќ кои се претставија со рецитал за Божик, и кмпозициие „Тивка ноќ“ и „Вечниот Бог“ воодушевувајќи ги присутните и измамија силен аплауз и по некоја солза радосница. Веќе неколку години, преку прекрасни видеа посветени на Велигден, а годинава за првпат и на Божик, учениците на наставникот Весна Арсиќ не само што ја негуваат нашата вера, туку ја шират радосната вест за овие големи празници, носејќи ја Христовата љубов во многу домови. Старешината од името на храмот им додели пофалници како симбол на длабокото уважување за тоа што преку ваквиот пример го зацврстуваат патот на верата и благовествуваат за Божјата милост и љубов. Покрај пофалниците, и двата хорови добија и пригодни подароци.
Протоерејот Петрески се заблагодари на членовите на жири комисијата кои имаа тешка задача да ја направат селекцијата која ја вклучува природата на еден ваков конкурс истакнувајќи дека комисијата со најголема почит кон секое дете ги разгледа сите дела според поставените критериуми: соодветност со темата, автентичноста, вложениот труд, особениот личен печат и креативноста што секој учесник ја внел во својата творба. Врз основа на овие критериуми, беа издвоени наградените, пофалените и изложените творби. Па така изрази искрена благодарност до членовите на стручната жири комисија:

– М-р Александар Џинго – уметник и наставник по ликовно образование во гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп;
– Елена Димоска – уметник и наставник по ликовно образование при ООУ „Блаже Конески“;
– Павлинче Чочкова – наставник по македонски јазик во пензија;
– Блага Тутеска – наставник по македонски јазик во пензија и поетеса.

Потоа следеше прогласувањето на наградените и тоа:

ЛИТЕРАТУРНА КАТЕГОРИЈА 1-5 ОДДЕЛЕНИЕ

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ:

1. ЈОВАНА ПАЛТОСКА – ООУ „Рампо Левката“ V-а одд. Ментор: Наташа Блашкоска
Прозен расказ: „Бадникова светлина“.

2. ЛАНА СТЕВАНОВ – ООУ „Климент Охридски“ V-3 одд. Ментор: Наташа Колеска
Поетска творба: „Рождество Христово“.

3. ТЕОНА СТОЈАНОСКА – ООУ„Блаже Конески“ III-2 одд. Ментор: Наташа Ристеска
Поетска творба: „Рождество Христово – Божик во нашиот дом“.

ПОФАЛЕННИ УЧЕСНИЦИ:

1. Ведрана Кареска ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ II-1 одд.
Поетска творба: „Синот Божји“

2. Дамјан Ристевски ООУ „Климент Охридски“ V-3 одд. Ментор: Наташа Колеска
Поетска творба: „Порака за Божик“.

3. Ненад Ржаникоски ООУ„Рампо Левката“ V-а одд. Ментор: Наташа Блашкоска
Поетска творба: „Големиот ден – Рождество Христово“.

4. Андреа Гулеска ООУ„Блаже Конески“ III-3 одд. Ментор: Весна Арсиќ
Поетска творба: : „Рождество Христово – Божикната радост во нашиот дом“.

5. Билјана Димоска ООУ „Гоце Делчев“ III-г одд. Ментор: Теодора Стојановска
Поетска творба: „Христос се роди – бескрајна љубов се роди!

ЛИТЕРАТУРНА КАТЕГОРИЈА 6-9 ОДДЕЛЕНИЕ

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ:

1. МАТЕЈА НИКОЛОСКА
ООУ „Кочо Рацин“ VI одделение. Ментор: Благојче Ристески
Поетска творба: „Божикната радост во нашиот дом“.

2. ЛЕОНТИНА ПАВЛОСКА
ООУ „Блаже Конески“ VII одделение
Прозен расказ: „Божикната радост во нашиот дом“.

3. МАКСИМ ИВАНОСКИ
ООУ „Гоце Делчев“ VI одделение. Ментор: Весна Крстеска
Поетска творба: „Божикна желба“.

ПОФАЛЕНИ УЧЕСНИЦИ:

1. Сабрија Мамудоска ООУ „Добре Јованоски“ VII одд. Ментор: Моника Трајкоска Прозен расказ: „Рождество Христово – Божикната радост во нашиот дом“.

2. Максим Петрески ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ VI одд. Поетска творба: „Божикна ноќ“.

3. Леон Цветкоски ООУ „Блаже Конески“ VIII одд. Ментор: Љубица Пашоска Јованоска
Прозен расказ: „Рождество Христово – Божик во нашиот дом“.

4. Исидора Мирческа ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ VIII одд.
Прозен расказ: „Рождество Христово – Божик во нашиот дом“.

5. Илија Биковски ООУ „Кочо Рацин“ VIIг одд. Ментор: Наташа Кулевска
Поетска творба: „Божик – празник кој сплотува“.

Празничната атмосфера беше дополнително збогатена со читање на наградените литературни дела, кои ја истакнаа љубовта, радоста и значењето на Божик за младите.

Потоа од името на храмот беше изразена неизмерна благодарност до поддржувачите кои го помогнаа одржувањето на овој настан препознавајќи ја вредноста на овој проект. Па така, старешината им додели благодарници на:

1. Семејство Стојаноски.
2. Семејство Патоски.
3. Инако Мак.
4. Надица Гегоска.
5. Леон Марија ДОО.
6. Extreme Cosmetics.

Потоа следуваше прогласувањето на наградените и пофалени учесници во ликовната категорија.

ЛИКОВНА КАТЕГОРИЈА 1-5 ОДДЕЛЕНИЕ

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ:
1. ИЛИЈАН ЈОВЕСКИ – ООУ „Климент Охридски“ V-3 одд. Ментор: Наташа Колеска.
2. НИКОЛАЈ БУРНЕСКИ – ООУ „Климент Охридски“ III-2 одд.
3. ДАВИД СИЛЈАНОСКИ – ООУ „Блаже Конески“ IV-1 одд.

ПОФАЛЕНИ УЧЕСНИЦИ:
1. ЈАНА ПАНОСКА – ООУ „Рампо Лефката“ V-а одд.
2. БОЖИЦА ЗМЕЈКОСКА – ООУ „Климент Охридски“ I-2 одд. Ментор: Сузана Стеваноска.
3. ВЕДРАНА КАРЕСКА – „Кире Гаврилоски-Јане“ II-1 одд. Ментор: Сузана Спиркоска.
4. ЈОВАНА АНГЕЛЕСКА – ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ IV-1 одд.
5. АНДРЕЈ ЗЛАТЕСКИ – ООУ „Блаже Конески“ III-3 одд. Ментор: Весна Арсиќ.
ЛИКОВНА КАТЕГОРИЈА 6-9 ОДДЕЛЕНИЕ

 

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ:
1. ИЛИЈА ЈАНЕВСКИ – ООУ „Блаже Конески“ IX-3 одд. Ментор: Елена Димоска.
2. ЈОВАНА РАДЕСКА – ООУ „Климент Охридски“ VII-4 одд. Ментор: Влатко Николоски.
3. СОФИЈА ТАЛЕСКА – ООУ „Добре Јованоски“ IX-1 одд. Ментор: Маја Најдоска.

ПОФАЛЕНИ УЧЕСНИЦИ:
1. ВАСИЛ КАТОВ – ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“ VII-4 одд.
2. ЈОВАН ВЕЛЕСКИ – ООУ „Кочо Рацин“ VII-д одд.
3. МЕТОДИЈ ДИМЕСКИ – ООУ „Добре Јованоски“ VIII-1 одд.
4. МАРИЈА ТАЛЕСКА – ООУ „Климент Охридски“ VIII-2 одд.
5. ЛАЗАР ЃУРИЌ – ООУ „Блаже Конески“ VII-2 одд.
НАГРАДЕН НАЈМЛАД УЧЕСНИК ВОН КОНКУРЕНЦИЈА:
1. ДОРОТЕА АНДРЕЕСКА 4 години.

Пред крајот, старешината се заблагодари на сите учесници, наставници, родители, донатори и посетители кои придонесоа настанот да биде незаборавен изразувајќи надеж дека догодина ќе се собереме повторно и побројни и на сите им посака среќни Божикни празници од името на свештенството, настојателството и вработените при храм Св. Петка.

 

Честа да го затворат овој настан им припадна на Ангел Кулески, ученик од ООУ „Блаже Конески“, освојувач на бројни републички и меѓународни награди, со соло изведба на песната „Моја Македонија“, придружуван од свои соученици.

Со оваа свеченост, храмот Св. Петка уште еднаш покажа дека е место каде што духовното, културното и уметничкото се испреплетуваат, негувајќи го духот на заедништво и креативност.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content