Во ФИТР се делеле пари за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи

107

Минатата Влада на ДУИ и СДСМ го девалвираше зборот „иновации“. Средства од Фондот за иновации се делеа за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи. Едноставно, се финансираа партиски послушници и криминални здруженија, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Со новото раководство на ФИТР направивме план за откривање на методите на кои се распределувале средствата, откривање на злоупотребите, враќање на средствата во буџетот и отпочнување на кривичен прогон онаму каде што ќе се појават основи на сомнение, велат од кабинетот на министерот за дигитална трансформација.

Андоновски говореше и за планот за дигитализација на услугите, при што најави целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk, нови дигитални услуги за граѓаните и олеснета пристапност.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content