Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

106

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во текот на вчерашниот ден (05.03.2025 година), започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Февруари 2025 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да ја подигнат готовината од банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 05 Март 2025 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата се спроведува во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

05.03.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

06.03.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content