Во такси-возило кај Плетвар полицијата затекнала 4.000 капсули „трамадол“

0

Во „ауди“ на Плетвар полицијата пронајде поголема количина на тромадол без документација.

На 11.04.2023 на патот Градско-Прилеп (превој Плетвар), полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.Ј.(54) од Прилеп и З.Р.(53) од Прилеп. При преглед на патничко такси возило „ауди а4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј., во кое се превезувал З.Р., биле пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација, соопшти полицијата.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Skip to content