Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите

115

Во студентскиот дом Пелагонија има доволно топла вода за потребите на студентите, иако не во секое време, изјави претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николоски, соопштувајќи дека проблемот со дотурот на топла вода е саниран со сервисирање на пумпа.

-Состојбата е многу подобрена откако е направено она што требаше во текот на летото кога претходниот директор имаше мандат – да се санира една цевка којашто ќе носи доволно дотур на вода до собите. Генерално, во овој момент нема во секое време топла вода, но има топла вода доволно за потребите на студентите, изјави Николоски.

Одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше промовиранa иницијатива за субвенциониран меѓуградски превоз за редовни студенти, Николоски посочи дека се решава и проблемот со лифтовите во студентскиот дом „Пелагонија“.

-Лифтовите се санираат, во процес е едниот лифт. Функционални се два и во јануари и третиот треба да биде саниран, додаде Николоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content