Во Прилеп се чека термин за скрининг на учениците

87

Драгица Николоска, директорка на прилепскиот Центар за јавно здравје вели дека чекаат термин за тестирање на учениците во прилепските училишта. Во меѓувреме почна тестирањето за учениците од општините во регионот. Досега резултатите покажуваат негативни тестови.

Во моментов почнавме скриниг на учениците во селата Кривогаштани и Обршани. Тестирањата се завршени и резултатите за вкупно 14-те тестирани ученици се негативни. До среда, имаме насока, да се тестираат 53 ученици од основните училишта од Крушево и од Македонски Брод. Во среда ќе имаме резултати од тие тестирања. што се однесува до тестирањето на учениците од прилепските училишта, за тоа чекаме термин одреден од Министерството за здравство, вели Николоска.

Епидемиолошката состојба  во прилепските училишта се оценува како стабилна.  Двајца ученици се позитивни, а вкупно осум се  во изолација, како и четворица наставници.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content