Во Прилеп се оддржа традиционалната „Палачинкијада“ и се прогласија првенци на генерација: Ова се највредните ученици годинава!
Традиционално, крајот на учебната година во Прилеп, и годинава беше одбележан со манифестацијата Палачинкијада. Учениците од основните и средните училишта се засладија со вкусни палачинки и лимонада, а беа прогласени и првенците на генерацијата во секое училиште.
Најдобрите ученици добија плакети од градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Палачинкијадата предизвика голем интерес кај децата кои неделава завршија уште една школска година. Да им посакаме убаво да се одморат летово, а од септември со нови сили да редат само успеси.