(Видео) Во Прилеп за првпат одбележан празникот Василица

34

Денес на платото кај градскиот саат со почеток во 11:00 чaсот за првпат се одржа настанот „На Василица во Прилеп“. Со парче бурек и чаша варено вино и чај коишто беа поделени на сите присутни гости, денес ден пред празникот Св. Василиј Велики или народски кажано Василица, а воедно и доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар се одбележа настанот што предизвика голем интерес кај прилепчани.

Како што кажа градоначалникот Борче Јовчески, целта на настанот е да се испочитува вековната традицијата за празникот Василица, којашто според обичаите во Прилеп се празнува во кругот на семејството со ставање паричка во пита или лепче, а денес овој голем празник беше изнесен за сите граѓани во центарот на градот каде што заедно во согласност со здравствените протоколи беа поделени 400 парчиња бурек, околу 100 литри варено вино и 300 чаши чај, во една пријатна атмосфера каде што имаше присуство на голем број граѓани, претставници од локалната самоуправа, јавните претпријатија, советот на Општина Прилеп и други компании.

„Денеска тука, од центарот на Прилеп, со еден ваков настан којшто го крстивме ‘На Василица во Прилеп’ сакаме да го одбележиме празникот и да воспоставиме една традиција што ќе ја поддржуваме и надоградуваме во текот на наредните години со цел да прерасне во еден поголем настан единствен од ваков тип во Македонија, со поголема масовност и организација, којшто ќе претставува уште еден препознатлив знак на градот Прилеп, со надеж дека веќе од наредната година ќе го прославиме без рестриктивни мерки кои во овој момент не ограничуваат но морам да напоменам дека денес истите се комплетно запазени во однос на заштита на граѓаните.

Сакам да им се заблагодарам на општествено одговорните компании од нашиот град: пекарници, винарници и ресторани коишто дадоа свој придонес за реализација на овој настан. Имаме повеќе од 400 парчина бурек и 100 литри греано вино со коишто се почестени сите граѓани и гости коишто во овој период го посетуваат овај штанд, а за најсреќниот граѓанин  што ја најде паричката(или ќе ја најде паричката – доколку уште не е пронајдена), имаме еден скромен и симболичен подарок златен крст, којшто јас како градоначалник во името на локалната самоуправа на Општина Прилеп сакам да му го подариме и да посакаме здравје, среќа, бериќет за него и за неговото семејство.

И на сите наши сограѓани да им посакам најпрвин многу здравје, среќа и успех во оваа нова година и со една порака од денешниов настан, да бидиме горди преносители на нашата македонска традиција, на нашите православни празници и да се трудиме да ги продолжуваме и негуваме нашите обичаи коишто претставуваат корени на нашето постоење и со коишто и тоа како се истакнуваме и ја промовираме нашата култура не само тука, на Балканот, туку и во Европа и светот.

Ви благодарам на вашето присуство и нека е за многу години да сме здрави и живи“, рече градоначалникот Јовчески.

Поради тоа што „златната паричка“ не беше најдена во текот на настанот, имајќи предвид дека дел од присутните си ги однеле дома спакуваните бурекчиња, Јовчески апелираше среќниот пронаоѓач да дојде во просториите на Општина Прилеп со цел да си го подигне подарокот, златен крст.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content