Во Прилеп одржана заедничка литургија на митрополити од македонската, грчката и бугарската црква

43

На покана на митрополитот Петар од Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), денеска во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп за првпат по 170 години дојде грчки, а по повеќе од 70 години бугарски владика. Во храмот се одржа заедничка литургија на трите сестрински православни цркви.

Литургијата ја служеа митрополитот Петар од МПЦ-ОА, митрополитот во мирување Игнатиос од Грчката православна црква (ГПЦ) и старозагорскиот митрополит Киприја од Бугарската православна црква (БПЦ).

„Во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп, митрополитите на трите сестрински православни цркви за првпат заеднички ја служеа литургијата, како потврда на признавањето и рамноправноста на сестринските цркви. Сите заедно од светата чаша се причестија: и Грк и Бугарин и Македонец. За Христос не е битна националноста, туку љубовта помеѓу луѓето“,изјави  прилепскиот архиерејски намесник, отец Влатко Ристески.
Фото: МИА

На литургијата присуствуваа голем број верници и посетители, а по неа владиците седнаа на заедничка маса.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content