Во полициската акција во Прилеп досега уапсени 7 лица
Акцијата се спроведува за разбивање на голема група на лица осомничени за трговија со дрога и наркотици.
Полицијата најавила повеќе детали во текот на утрешниот ден, а акцијата ќе биде во тек и во текот на викендот.
Неофицијално меѓу осомничените се сопственици и менаџери на локали и хотели, како и полициски службеници.
Во досегашниот дел од акцијата биле запленети мобилни телефони и пари, а во акцијата учествувале и инспектори од Скопје, како и кучиња трагачи.