Во Одбрана и АРМ имало поранешни борци на УЧК, заменик министерот загрижен оти не добивале безбедносен сертификат
Заменик министерот за одбрана Тирон Јајага за КланМ изјави дека во министерство за одбрана има многу вработени кои порано биле дел од УЧК, но поради тоа не може да добијат безбедносен сертификат.
Многу вработени во Министерството за одбрана, војници но и на други позиции ни пишаа дека не можат да добијат безбедносен сертификат поради нивното минато. Има и такви кои беа и членови на ОВК, вели Јајага за ТВ Клан.
Тој рече дека тоа прашање го покренал на највисоко ниво во државните институци, како и во партиски рамки.
– При тоа напоменав дека доколку прашањето за сертификатите не се реши во блиска иднина. ова ќе претставува голем проблем во иднина. Армијата е дел од НАТО, па без сертификат ни се многу мали шансите, изјави Јајага.
Заменик министерот изјави дека сомнежите во поединци се дури и банални.
– Но, тие немаат пристап до нивните досиеја, други институции имаат пристап. Она што можам да го кажам е дека вреди повторно да се разгледаат тие случаи, изјави тој.
Исто така додава дека е мал интересот кај Албанците да станат дел од Армијата, иако условите се добри и мининалната плата во Министерството за одбрана, оттаму и за војниците, е над 700 евра.
На последниот конкурс на воената академија, како што објави КланМ, од 43 примени кандидати само двајца се Албанци.