Во Македонија се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

98

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.

Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерот за правда Игор Филков и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

По положувањето на венците предвидени се обраќања на вицепремирот Димовски и министите Муртезани и Мисајловски, соопшти Министерството за одбрана.

Цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел ќе положат и делегации од Канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, од Собранието, Армијата, Сојузот на борците на Народно-ослободителната антифашистичка војна, дипломатскиот кор и други организации.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content