Во голема полициска акција во Албанија запленети 3 милиони евра кеш, 5 блинидирани возила, покер маса
Во голема полициска акција спроведена во повеќе градови во Албанија запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.
– Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи на Албанија.
Со оваа опсежна операција биле опфатени седум структурирани криминални групи со значителна моќ, особено во поголемите градови како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.
Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.