Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војна и додаде дека е неопходно зајакнување на одбранбените капацитети на Унгарија.
Орбан изјави за Радио Кошут дека „постојат некои алармантни сличности меѓу сегашното време и времето кога се подготвуваа за Првата и Втората светска војна“, пренесува агенцијата МТИ.
„Она што денес се случува во Брисел и Вашингтон, или во моментов повеќе во Брисел отколку во Вашингтон, создава атмосфера за можен воен конфликт, што би можеле да го опишеме како подготовка за влез на Европа во војната“, рече унгарскиот премиер.
Орбан исто така изјави дека поради тоа има потреба од зајакнување на армијата, бидејќи тоа само по себе може да ја одврати војната.
“Слабоста е најчеста причина за војни, затоа е неопходно да се има војска и војници, да се направат подготовки и да се зајакнат капацитетите за самоодбрана“, рече унгарскиот премиер.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објасни дека во Брисел се во тек подготовки на работни групи за тоа како НАТО би можел да учествува во руско-украинската војна и дека постојат алармантни сличности меѓу овој и периодот кога се вршеле подготовки за Првата и Втората светска војна.
Во врска со ситуацијата на Унгарија во тој контекст, Орбан рече дека Унгарија како членка на НАТО има претставници во тие групи, „но ние не сакаме да учествуваме во конфликтот, ниту со финансиски придонес, ниту со испраќање оружје, дури и во НАТО“.
Во историјата на НАТО, никогаш немало ситуација кога една земја-членка би се придржувала толку отворено и јасно до основните принципи на НАТО како што тоа го прави Унгарија сега, изјави Орбан за Кошут радио, додавајќи дека Унгарија затоа мора „да ги редефинира своите позиции во воениот сојуз“.
Тој додаде дека стравувањата дека Русија ќе нападне членка на НАТО се неосновани, додавајќи дека војната во Украина, која трае веќе три години, ги покажала границите на руските можности.
Руската армија води сериозна и тешка војна со Украинците“, рече Орбан во интервју за јавното радио.
„Ако Русите беа доволно силни да ги победат Украинците во еден потег, тие веќе ќе го направеа тоа.
Орбан рече дека воените капацитети на НАТО далеку ги надминуваат оние на Украина, па затоа е малку веројатно Русија или која било друга земја да го нападне НАТО.
-Не сметам дека е логично Русија, која не може ниту да ја победи Украина, одеднаш да дојде и да го проголта целиот западен свет. Шансите за тоа се исклучително мали, рече Орбан.
Орбан рече дека го смета споменувањето на руската закана како увертира за подлабоко вмешаност на Западот во украинската војна.