Годинава покровител и поддржувач на манифестацијата која воедно беше е и Национално првенство во полумаратон, беше Општина Битола.
-Манифестацијата станува се помасовна и попосетена. Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето, трчаат на трите патеки долги 5, 10 и 21 километар низ Битола, а убеден сум дека така ќе биде и договодина на малиот јубилеј, односно на петтото издание, истакна градоначалникот Тони Коњановски.
За време на манифестацијата, СВР-Битола го регулираше сообраќајот во градот кој на повеќе сообраќајници беше со посебен режим, волонтерите овозможија логистичка поддршка за сите учесници, а за публиката беше приредена забавна програма на повеќе локации во градот.