Во акција на Царината приземјени три приватни авиони, цели 12 години не биле царинети?!

125

Новото раководство во Царината засега, како што пишува НетПрес, покажува сериозни индиции дека навистина е подготвено за бескомпромисно спроведување на законските одредби. За тоа говори и последната акција во Гевгелија и Струмица каде по налог на специјализираното Обвинителство за гонење организиран криминал беа приведени 30 лица, осомничени за противправни дејствија на граничните премини на југот од земјата.

Очигледно е дека се работи на повеќе фронтови.

Така, во една вонредна контрола на спортскиот аеродром „Стенковец“, царинските службеници на лице место константирале дека три воздухоплови, сопственост на фирма на познат македонски бизнисмен, не се царинети цели 12 години, дознава НетПрес. Според првичните проценки станува збор за штета на државниот буџет од околу 300.000 евра, само по овој основ.

И покрај влијанието на бизнисменот, царинските службеници останале доследни и веднаш ги приземјиле трите негови воздухоплови. Фирмата во чија сопственост се овие воздухоплови е основана во 2010 година.

Без разлика што авионите се користат за приватни цели, се покренува прашањето дали истите биле внесени врз основа на веродостојни податоци во регистарот на воздухоплови, кој е во надлежност на Агенцијата за цивилно воздухопловство?

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content