Во акцијата на МВР во која е запленета дрога приведен е командирот на ПС Прилеп
Според првичните и неофицијални информации тој бил дел од групата која е фатена во шверц на дрога, во случај кој бил реализиран во соработка со американската агенција за борба против наркотици. Во моментов акцијата е се уште во тек а детали од МВР најавуваат откако ќе завршат претресите.
Во голема полициска акција заедно со американската агенција за борба против наркотици деа запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски.