Водата поплави и привремено затвори две операциони сали

186

Зграда пуштена во употреба пред половина век, една од главните столбови на здравствениот систем, но кревка при посилно невреме.

Силните врнежи во Скопје одложија неколку операции и привремено затворија две операциони сали во Градската општа болница „Осми септември“.

Информацијата ја потврдуваат од менаџментот на установата и смируваат дека проблемот сега веќе е решен.

Во моментов, во функција се шест операциони сали – сосема доволно за да бидат згрижени сите пациенти коишто се јавуваат во Ургентниот центар, вели директорот на болницата, доктор Христијан Костов, во изјава за Телма.

По невремето, екипи веднаш биле повикани на терен и се испумпувало вода, додека се ставале во употреба други сали. Причината е преголема количина вода, претешка за кровната површина на болницата.

„ДРЕНАЖНИОТ СИСТЕМ НЕ УСПЕА ДА ЈА ИЗДРЕНИРА ЦЕЛАТА ОВАА ВОДА И ЕДЕН ДЕЛ, НА ЕДНО МЕСТО ИМАШЕ ПРОТЕКУВАЊЕ ВО ПРВАТА И ВТОРАТА ОПЕРАЦИОНА САЛА. МЕЃУТОА, УТРОВО НИЕ ГИ СТАВИВМЕ ВО ОПТЕК И ВО ФУНКЦИЈА ДРУГИТЕ ДВЕ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ КОИШТО НЍ СЕ НА ПРИЗЕМЈЕ. ИМАШЕ НЕКОИ ОДЛАГАЊА, ЗАДОЦНЕТО ПОЧНУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИИТЕ, НО СЕГА САЛИТЕ СЕ ВО ФУНКЦИЈА. СЕКОЈ ДЕН ИМА ОТПРИЛИКА ОСУМ ДО ДЕВЕТ ИТНИ СЛУЧАИ КОИ ГЛАВНО СЕ АБДОМИНАЛНИ СЛУЧАИ, КАКО И ТРАУМАТОЛОШКО-ОРТОПЕДСКИ СКРШЕНИЦИ, ОДНОСНО, ИТНИ СЛУЧАИ“, ВЕЛИ ДОКТОР ХРИСТИЈАН КОСТОВ, ДИРЕКТОР НА ГОБ „ОСМИ СЕПТЕМВРИ“ – СКОПЈЕ.

Освен во „Осми септември“, невремето предизвика проблеми насекаде. Од Скопје, Куманово, до Крива Паланка и Тетово – телефонот за итни повици не престанал да ѕвони.

Осум поплавени куќи, четири оштетени возила, паднати дрвја, искршени гранки, поплавени улици.

Во Крива Паланка се поплавила дури и просторија во детска градинка.

Од Центарот за управување кризи ја појаснуваат процедурата за обесштетување, кај сите оние кои пријавиле во институцијата.

„НИВНАТА ПРИЈАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРОСЛЕДЕНА ОД 112 ОД ЦУК, ДО КОНКРЕТНАТА ОПШТИНА НА КОЈАШТО ПРИПАЃААТ, А МОЖАТ И ДИРЕКТНО ДА СЕ ОБРАТАТ ДО АРХИВАТА НА ОПШТИНИТЕ СО СВОЈА ПРИЈАВА. ОПШТИНИТЕ ИМААТ ПОСЕБНИ КОМИСИИ КОИ ГИ КОМПЛЕТИРААТ НИВНИТЕ ПРИЈАВИ, А ПОТОА ТИЕ ВО СООДВЕТЕН ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД ЗАКОНСКИ ОБВРЗАНО ГИ ДОСТАВУВААТ ДО КОМИСИЈА ЗА ШТЕТИ ДО ВЛАДАТА, ИСТО ТАКА ВО СООДВЕТЕН ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД“, ВЕЛИ ИЛИЈА БОЈАРОВСКИ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ.

Утврдувањето на висината на штетата започнува веднаш по настанување на невремето и во рок од 360 дена од престанокот на невремето, потребно е единиците на локална самоуправа да изготват Извештај – Елаборат за утврдената штета.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content