Воведуваат интегрирани предмети, а нема таков кадар

46

Потребни вистински промени во образованиот систем. Овие реформи кои што ги носи власта не се успешни. Потребно е да направиме сопствена национална програма за нашите деца која би можела да земе искуство од странство, но која би требала да биде поврзана со нашите традиции, култура, изјави Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Утрински печат“.

Таа посочи дека многу лош избор на власта беше т.н. концепција на министерката Мила Царовска. Преамбициозно министерката настапи со таа концепција. Концепцијата не беше реална.

„Не беше реално тоа со дигитални учебници и непостоење на хартиени учебници. Нашите деца, нашите наставници сакаат учебници“, нагласи таа.

Јаневска укажа дека преку кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“ има можност да оствари средби со луѓе од повеќе населени места каде што и укажуваат дека образованието се движи во лоша насока и се уплашени за своите деца.

„Популистички мерки во образованието не се решение, нема да родат со плод“, рече Јаневска.

„Ако зборуваме за интегрирани предмети ние немаме таков наставен кадар. Факултетите не продуцираат кој може да предава природни науки, интегрирани воопшто предмети. Според мене ова исто беше несоодветно ние да интегрираме предмети, а немаме таков кадар. Би требало прво реформата да биде на наставничките факултети, за да подготвиме таков кадар ако сакаме да спроведеме такво нешто“, заклучи Јаневска.

Таа укажа дека потребно е системско решение кое ќе биде резултат на анализи, на еден научен пристап во донесувањето на одлуки, една јавна широка расправа со стручни лица, родители, наставници, социолози и психолози.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content