Внимавајте кога пазарите онлајн, опасности демнат од сите страни

104

Предновогодишното пазарување е во полн ек. Луѓето понесени од новогодишната еуфорија како да ги изгубија сите психолошки кочници за шопинг, па пазарат и купуваат и што треба и што не треба. Се купува по продавниците, но се повеќе и онлајн, некогаш и не размислувајќи дали трошењето пари е безбедно, од финансиски аспект.

Токму од овие причини Народната банка објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување и заштита од лажни профили кои ги бараат личните податоци на граѓаните. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на сопствените финансии е од суштинско значење. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е! Вашата безбедност е приоритет – купувајте паметно, останете заштитени!, препорачуваат од Народната банка.

Горан Јанкоски, главен супервизор за информативни системи во Народната банка на Македонија, препорачува граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства. Воедно апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на барање од непознати лица. Препорачува да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content