По речиси половина година од новата влада, расте поддршката за владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоским покажува последната анкета на „Маркет вижн“ и „Мкд.мк“. Кажано со бројки разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е седум спрема еден.Преведено во бројки, за 21,5 % од гласачите изборот е ВМРО-ДПМНЕ, за 5,5% од гласачите е коалицијата Вреди (Влен), за ДУИ би гласале 5,4%, за СДСМ 3,9%.
Ова значи дека СДСМ стана четврта партија и ова е прв пат во историјата на социјалдемократите да паднат толку ниско.Пред нив се партиите на Албанците, ДУИ и Вреди.
Слични се бројките и кога станува збор за лидерите на партиите.Неприкосновен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиер кој има доверба од 27 отсто од испитаниците. На второ место со само 5,3 отсто доверба е Али Ахмети, претседателот на ДУИ. По него следуваат Максим Димитриевски и Венко Филипче со по 3,6%, па Арбен Таравари (2,9%), Димитар Апасиев (2,26%), Изет Меџити (1,8%), Биљал Касами 0,7 отсто.