ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

214

Изјавите на Бујар Османи, Талат Џафери и други од нивните редови се класична интервенција на ДУИ за притисок врз Управниот суд и тоа е јасно нарушување на независноста на судството што го загрозува интегритетот на судскиот и изборниот процес, реагираат од коалицијата ВЛЕН.

– Наодите на ДИК се многу јасни и го докажуваат она што го зборувавме од почетокот, дека ДУИ направила големи изборни нерегуларности и прекршувања, со притисоци, уцени, закани, ја манипулирала волјата на граѓаните. Сега со притисок врз судовите повторно се обидуваат да го направат истото.

Народот вели: „Волкот го менува крзното, но карактерот не“. Овие однесувања не не изненадуваат. Како што ја нарушија секоја демократска вредност, со потиснувањето на судството го нарушуваат и овој фундаментален принцип на демократијата, но овој пат правдата ќе биде на наша страна. Силно веруваме во тоа. Апелираме Управниот суд да не биде под влијание на политички притисоци туку одлуката да ја донесе врз основа на правни извори и факти. Сакаме да веруваме во владеењето на правото и независноста на институциите, вклучително и на судовите. Оттука, сметајќи дека одлуката на ДИК е правична одлука заснована на неизбежни факти; фактите што резултираа со едногласна одлука на сите членови на ДИК, ја прават оваа одлука уште постабилна и помоќна. Затоа очекуваме овие факти и закони повторно да се почитуваат, се вели во соопштението од ВЛЕН.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content