Влезе во војна со една од најопасните македонски мафии и на пат е да ја победи (ВИДЕО)

131

Многумина го споредуваат со легендарниот американски борец против мафијата Елиот Нес а тој продолжува со борбата без големи зборови и фалби. Вели дека ветувањата за справување со шумската мафија мора да се остварат по секоја цена.

Заменик директорот на Јавното претпријатие Македонски Шуми Кире Михаилов влезе во војна со една од најопасните македонски мафии и засега ја победува.

Мафијата која годишно ,,врти” десетици милиони евра сега е скратена или е на пат да биде уништена а парите кои досега одеа во приватни џебови ќе останат на државата.
Откако фати криминал во Источна Македонија Михаилов со своите соработници денеска беше активен во Скопско во близина на Арачиново.

,,Денешната голема акција во Кумановско – липковскиот регион е целосно завршена❗️

И покрај сите огромни предизвици и оневозможувањето на пристапните патишта над селото Никуштак, целата количина на дрва која беше незаконски посечена е конфискувана и веќе се наоѓа во складот на ЈП “Македонски Шуми” во Куманово❗️

Им благодарам на колегите од ЈП “Македонски Шуми” од подружниците Куманово и Скопје за ангажманот во изминативе два дена❗️

Огромна благодарност до припадниците на шумската полиција од ШПС “Куманово” и секако до припадниците на МВР од СВР Куманово без чија помош и логистика немаше да биде успешна оваа акција❗️

Работиме на откривање на сите инволвирани во овие криминални девијантни појави и ќе направиме се да сите да бидат извадени пред лицето на правдата, од прв до последен❗️

Ветивме НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА без разлика каде во МАКЕДОНИЈА ќе се утврди дека го има, тоа и го спроведуваме”, објави вечерва Михаилов.

Видеа од акциите на линкот

https://www.facebook.com/share/v/1BHj1V1H4E/

https://www.facebook.com/share/v/15KYKKS6Nr/

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content