Околу 35 илјади граѓани кај нас поседуваат и тргуваат со биткоини, тврди експертот за криптовалути, Дарко Симуновски. Според него неопходно е државата да направи законска рамка за употреба на криптовалути, а бенефитот од тоа би бил во две насоки, прилив на средства во буџетот од даноци, а истовремено и побезбедно тргување.
И премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Владата планира да направи законска рамка за употеба на виртуелните пари. Нагласи дека постои идеја за креирање на дигитална банка и дигитален македонски денар, на што како што рече, активно се работи.
Комерцијалната употреба на биткоинот е сѐ уште мала во споредба со шпекулациите, кои се причина за флуктуациите во цената. Користењето на биткоинската мрежа за плаќање на сервиси и услуги е во пораст и постојано се зголемува.
Една од причините се ниските трошоци во споредба со провизиите кај традиционалнитекредитни картички кои се движат помеѓу 2 и 3 проценти. Најголемата биткоинска трансакција била извршена на 20 март 2014 година, за купување на вила во Бали во износ од 500.000 американски долари.