Владата не ги продолжи антикризните мерки – од среда поскапуваат храната и горивото

31

Владата денеска одржа седница, но на неа не станало збор за пролонгирање на антикризните мерки. Со тоа од полноќ истекува важноста на мерките коишто беа донесени во март за ублажување на ефектите од економската криза и се отвара простор за вртоглав раст на цените на храната, горивото, акцизите и ДДВ-то. Како што информираат од Владата за ДВ , во ребалансот на Буџетот се предвидува одредена сума на средства за ублажување на ефектите од кризата, но засега нема предлози за конкретни антикризни мерки.

Со истекувањето на времената владина антикризна мерка со која во период од три месеци беа намалени ценитена горивата, акцизите и ДДВ-то, од полноќ цените на дериватите би можеле драматично да рипнат. Од утре стапката на ДДВ-то се враќа од 10 на 18 % при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата од 2 денари на нафта и нафтени деривати, со што се очекува значително да поскапат бензинот и нафтата.

Mazedonien Preise VergleichКакви цени да очекуваат граѓаните од среда?

Со тоа се укинува една од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, за заштита на животниот стандард како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, коишто беа донесени во март годинава.

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија најави дека ќе поднесе закон со кој производите за исхрана ќе бидат ослободени од ДДВ до 31 декември 2022 година. Дополнително, бараат и ДДВ за течните горива да биде 5% до крајот на годината.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content