Целта на законот е да се реши 10 годишниот наметнат проблем и да се оствари програмата на владата без никакви дополнителни финансиски импликации.
Административните службеници ќе бидат распоредени во органите на локалната и државната управа, како и во другите државни тела основани во согласност со Уставот и законот.
Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најдоцна во рок од 15 дена по влегувањето во сила на законот, ќе предложи план на Владата за побрзо распределување на Рамковно вработените.