Владата им овозможува на локалните самоуправи да функционираат самостојно, вели Проданоски

103

Во емисијата ,,Топ тема“, на телевизија Телма гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски кој се осврна на претстојните локални избори. Тој објасни дека по изборите минатата година беше наследен девастиран систем, а додаде и дека претходната власт не излегуваше во пресрет на локалните самоуправи во земјава, што го обележа овој мандат од 2021 година како многу тежок. Проданоски додаде дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не ги запостави општините, и дека предизборните ветувања веќе се реализираат, а во Прилеп веќе има проект кој во наредните месеци ќе биде реализиран, проект кој е ветуван со децении, и кој Владата овозможува да биде остварен.

-Во ВМРО-ДПМНЕ, од средината на мај ќе влеземе во внатрепартиски избори и до крајот на јуни најголем број од носителите односно од идните кандидати во општините ќе бидат обзнаени. Оние кои што се добри на анкетите верувам дека и порано можеби во текот на мај ќе бидат соопштени на јавноста, потенцираше Проданоски.

Проданоски се осврна и на енергетската криза од 2022 година, за која тогашната власт немаше решение, а најпогодени беа јавните комунални претпријатија, кои резултираа со големи долгови. Тој посочи дека за локалната самоуправа, изминатите пет години беа тежок мандат со оглед на тоа што претходната власт не му помогна на истите, а на програмите не му се придаде значење.

-Од 2021 и до оваа 2025 година до октомври да не заборавиме, да ги потсетиме нашите сограѓани дека беше за локалната самоуправа еден исклучително тежок мандат. Во 2022 беше енергетската криза, владата немаше решение за таа криза. Се заглавија многу јавните комунални претпријатија, накалемија сериозни долгови со исклучително високата цена на струјата. Основен енергенс за јавните комунални претпријатија, најмногу за водостопанските претпријатија е токму тоа, цената на струјата. Па се направи еден очајнички обид, два три месеци нешто да субвенционира владата ама тоа сега после овој период, ако анализираме добро ќе видиме дека не даде резултати односно не му помогна на локалните самоуправи. Програмите кои што беа, беа сведени на минимум, објасни Проданоски.

Проданоски понатаму потенцираше дека локалната самоуправа во Прилеп доби три капитални проекти, кои изминатите три децении им се ветуваа на граѓаните од Прилеп, а остана позитивен дека во наредните месеци овие проекти ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

-Локалната самоуправа во Прилеп доби три проекти, сериозно капитални кои што од осамостојувањето на Македонија им се ветуваат на прилепските граѓани, но никогаш не го видоа светлото на денот и за волја на вистината сега се при крај тендерските постапки. Ова лето Прилеп би изгледал како едно сериозно градилиште, тука капиталните проекти од 3 и пол милиони евра кои што навистина ќе го подобрат квалитетот на животот, заклучи Проданоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content