„Вистинска парада на гордоста“ во Битола – дом, семејство, родители, мајка, татко и деца

128

„Начелата по кој треба да сме водени за организирање на ‘Вистинската парада на гордоста’ се дом, семејство, родители-мајка и татко, деца. Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата православна христијанска вероисповед”, велат учесниците на вчерашната парада во Битола која се одржа истовремено кога и „Парадата на гордоста“ во Скопје.

Учесниците на парадата во Битола самоиницијативно се организираа преку социјалните мрежи. „Бракот е институција која треба да се негува, не сакаме таа да се редефинира. Сакаме бракот да остане каков што е, да нема родител 1 и родител 2. Нашите барања се да не се финансираат геј паради од државниот буџет, зашто најголемиот дел од народот, православен и другите верски заедници не го одобрува тоа“, изјавуваа учесниците.

 

Во Битола по вторпат се одржува „Вистинската парада на гордоста“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content