Вистинска депонија позади спортската сала „Македонија“
Вистинска депонија е направен просторот позади спортската сала ,, Македонија’’, каде комуналците исекоја диви израстоци од јасен и шипови и собираа купишта најразновиден отпад. Локалната самоуправа и директорот Рубинчо Абрашоски, се децидни во својот став и ветувањето до граѓаните дека ќе се чисти секоја педа во и околу градов, но очекуваат и голема поддршка од локалното население , со цел да се постигне врвна чистота, здрава животна средина, а секој динар да се цени, и да не се троши само на чистење, туку да се употреби за општи добра за граѓаните.
Остануваат препораките до граѓаните:
– комунален отпад без оглед на количината го собираат комуналните работници од домаќинствата;
– Отпадот за селкција се одлага во жолтата канта, додека поголеми пластични предмети ( туби, корита, пластични столици, ролетни и др.се оставаат до жолтата канта;
– За габаритен отпад да се јавуваат на тел: 048/428 992, на емајл: [email protected], во месинџер на страницата на јавното претпријатие, оваа услуга е бесплатна, а се извршува секој четврток во неделата;
– За градежен шут и отпад од градење се врши услуга со достава на контејнер од 5м3 по цена од 1360,00 денари, односно трактор со цена од 620,00 денари;
– Стаклена амбалажа се одлага во ИГЛО звоната поставени на 40 локации низ градов;
– Граѓаните со сопствен превоз можат да го транспортираат отпадот до депонијата во Алинци, каде не се наплаќа за влез и депонирање;
Останува граѓаните да ги почитуваат препораките и правилата за одлагање на отпад и да им помогнат во заложбите на комуналците, Прилеп да го има епитетот најчист град.