Виенската филхармонија секоја година го организира овој настан во Златната сала Музикферајна. Оваа година тоа ќе мора да мине со сите можни корона-мерки. Повеќе подробности сѐ уште не се откриваат.
Она што е сигурно е дека ќе има концерт и дека Рикардо Мути по шести пат ќе седи зад стојалиштето за диригирање.
Програмата на Новогодишниот концерт традиционално вклучува композиции од династијата Штраус и нивни современици, изведби на валцери, полки и маршеви.
Големата Златна сала, важи не само една од најубавите, туку и акустично најдобри сали во светот. Таа е изградена во антички стил и е украсена со бројни цветни аранжмани специјално наменети за Новогодишниот концерт. Столбовите, каријатидите и сводовите на салата оставаат впечаток на вистински музички храм.
Концертот ќе се емитува во 90 земји низ светот.