Српскиот премиер Милош Вучевиќ приреди свечена вечера за македонските министри Стоилковиќ, Николоски и Муцунски во вилата “Мир”.
Српскиот премиер во обраќањето порача дека македонските компании се добредојдени на Експо 2027, дека повеќе ќе се работи на отстранување на некои нефункционалности во Опен Балкан и дека С.Македонија направи големи отстапки на својот евроинтегративен пат, што не беше наградено од ЕУ. Вицепремиерот Стоилковиќ ја остакна посветеноста на македонската влада во изградба на сите Коридори, со особена ангажираност на економски најисплатливиот Коридор 10.
Тој посочи дека фокусот ќе биде и на развојот на Железницата, а во тој контекст и изградба на брзата пруга од Скопје до Солун. Двајцата соговорници се согласија дека економијата треба да ги следи одличните политички односи, нагласувајќи дека во оваа македонска влада, за прв пат по 1944 година е избран преставник од српскиот народ во Македонија на висока владина функција. Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски доби покана да го посети Белград, а беше пренесена и поканата од Мицкоски до Вучевиќ да го посети Скопје во најскоро време.
-Ми претставува огромно задоволство што денешната работна посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ освен што го отслика нивото на одличните билатерални односи меѓу македонската и српската држава беше и одлична прилика за дефинирање на следните заеднички чекори и активности.
Во фокус на разговорите беше можноста за претставување и учество на македонското стопанство при реализацијата на ЕКСПО 2027 година како и иницијативата за одржување меѓу владини седници меѓу македонската и српската Влада, кои би требало да трасираат нови можности за подобрување на билатералната соработка, како и можности за заедничка соработка со трети пазари.
Специјализираната меѓународна изложба EXPO 2027 освен што за Република Србија како земја-домаќин значи многу, од економска гледна точка е историска шанса за целиот регион.
Специјализираниот саем со тема „Игра(ј) за човештвото – спорт и музика за сите“ ќе биде прв од ваков вид во Југоисточна Европа, а со оглед на очекуваната бројка на посетители и фактот дека ваквите глобални собири се посветени на изнаоѓање решенија за итните предизвици на нашето време ЕКСПО 2027 треба на сите во регионот да ни биде дополнителен мотив за продлабочување на соработката.
Со премиерот Вучевиќ зборувавме и за интензивирање и унапредување на активностите поврзани со процесот Опен Балкан. Согласни сме дека со интензивирање на економската соработка придонесуваме за регионален мир и стабилност.
Тоа е можност за создавање заеднички интереси и стимулации нашите земји да работат заедно, преку деловни соработки, академски размени, па и културни интеракции. Во рамки на оваа работна средба која воедно е и подготовка за посетата на претседателот на Владата на Република Србија Вучевиќ на покана од претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски, планирана за крајот на септември, предвидени се уште неколку работни состаноци кои верувам дека ќе бидат исто толку продуктивни колку и денешнате средби и, пред сѐ, ќе придонесат за продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји. Интензивирањето на средбите на високо ниво ќе биде показател дека наш фокус е економската интеграција не само на Србија и Македонија, туку воопшто на Западен Балкан.
Тоа од друга страна значи клучен двигател пак за брзата интеграција на регионот во Европската Унија. Тоа е можност за да развиваме посилни економски врски меѓу себе, да создадеме поголем и поинтегриран пазар без трговски бариери бидејки единствено така ќе овозможиме нашите земји да бидат попривлечни за странските инвеститори, изјави вицепремиерот и министер Иван Стоилковиќ.
Интегралните обраќања можете да ги погледнете во целост во ова видео.