Во повеќе градови во Босна и Херцеговина денеска веќе падна снег, а во доцните попладневни часови пристигна и во Сараево.
Ова е првиот снег сезонава кој интензивно паѓа и веќе побеле некои сараевски улици, патишта и бројни објекти, а граѓаните вечерва и по периодот на загадување ќе можат да дишат нешто почист и посвеж воздух.
На снегот му претходеше пороен дожд проследен со силни налети на ветер, а според прогнозата во наредните денови може да се очекуваат лапавица и снег.
Дождот и ветерот продолжија во некои сараевски населби каде снегот сè уште не паднал.
Вечерва се забеле и Србија. Во поголем број градови вее снег, на планините има снег, како што пишуваат порталите и до 20 сантиметри, а сообраќајот на некои делници се одвива побавно. Иако ова не се првите снегулки годинава, белграѓани прилично се изненадија од вечерашната идила.
View this post on Instagram