Францускиот претседател Емануел Макрон го распушти Националното собрание и најави предвремени избори, јавуваат француските медиуми.
Изборите ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули.
„Одлучив да ви го вратам изборот за иднината на парламентот. Одлуката е сериозна и тешка, но пред се е чин на доверба“, рече Макрон во видео обраќањето по прелиминарните резултати од изборите за Европскиот парламент, на кои неговата партија „Преродба“ претрпе пораз од „Национален собир“ Марин Ле Пен.
Макрон посочи дека „главната лекција е научена“ на изборите за Европскиот парламент, односно дека „партиите кои ја бранат Европа“ не постигнале добри резултати.
„Оваа одлука е подобра од сите аранжмани, од сите изнудени решенија. Ја слушнав вашата порака и ќе одговорам на неа. Знам дека можам да сметам на тебе. На Франција и треба јасно мнозинство во хармонија и спокојство. Да се биде Французин значи да се избере да се пишува историја наместо само да се учествува во неа“, рече францускиот претседател.
Оваа одлука уследи по поразот на неговата партија на изборите за Европскиот парламент.
Екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен победи на изборите.
Според досегашните резултати, „Преродба“ на Макрон освоила 15,2 отсто од гласовите, додека „Национален собир“ околу 32 отсто од гласовите, што е зголемување за 10 отсто во споредба со последните избори за Европскиот парламент во 2019 година, што става како фаворит на претседателските избори во 2027 година.
Партијата „Преродба“ на францускиот претседател Емануел Макрон претрпе тежок пораз на денешните европски избори од екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен.
Нејзината партија освои околу 32 отсто од гласовите, што е зголемување за 10 отсто во споредба со последните избори за Европскиот парламент во 2019 година, што ја става како фаворит на претседателските избори во 2027 година.
Adresse aux Français. https://t.co/sqVqfH3gXy
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) June 9, 2024
Ле Пен ја поздрави одлуката на Емануел Макрон да распише предвремени избори.