(ВИДЕО) За 15 минути обезбедени лет, сместување и стручна помош

101

Во врска со трагичниот настан во дискотеката Пулс, роднина на едно од повредените девојчиња од Кочани, кое е пренесено на лекување во Австрија, изрази благодарност до СОЗР и Владата на Република Македонија. Според него, институциите брзо реагирале и ги обезбедиле сите потребни услуги за повредените и нивните семејства.

„За само 15 минути ни беа обезбедени бесплатни летови, хотелски сместувања, превоз и стручна помош за преведување на документи. Организацијата беше на високо ниво“, рече тој.

Тој исто така сподели дека се наоѓаат на Универзитетската клиника во Грац, Австрија и дека реакцијата на институциите во Македонија била брза и ефективна. Владините тимови ги обезбедиле сите ресурси што биле потребни, како што се превоз и сместување, како и стручна помош во овие тешки моменти.

„Сакам да апелирам до сите семејства кои се засегнати од оваа трагедија да не се срамат и да се јават за помош. Да си обезбедат бесплатно сместување и хотелски услуги додека нивните деца се во болница. Исто така, имаме стручни тимови кои се грижат за нас и редовно ни даваат информации“, додаде роднината.

Тој сподели дека лекувањето на пациентите во Грац досега поминува одлично и се заблагодари на сите кои се мобилизирале за помош и поддршка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content