Се одбележува 23-годишнината од терористичките напади на САД кога животот го загубија речиси 3.000 луѓе. Два киднапирани авиона тогаш ги погодија кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, како и комплексот Пентагон во Вашингтон. Еден авион се урна во Пенсилванија.
Директна последица од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година беше одлуката на Белата куќа на чело со Џорџ Буш да му објави војна на тероризмот во светот, што несомнено суштински ги определи тенденциите во меѓународните односи од првите децении на 21 век.
Во Соединетите Американски Држави секоја година со голема посветеност се сеќаваат на жртвите од нападот.
Жртвите на терористичкиот напад загинаа кога два киднапирани авиона ги погодија кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, кои потоа се урнаа, но и кога трет авион удри во комплексот Пентагон во Вашингтон, а четвртиот се урна во Пенсилванија.
Два киднапирани авиона удрија во кулите близначки
Речиси 3.000 луѓе ги загубија животите. Од кулите близначки во Њујорк, само 20 луѓе успеале да ги напуштат зградите пред да се урнат. Меѓу жртвите од 11 септември имало 372 странци.
Големи жртви претрпеа и припадници на градските служби на Њујорк, пред сѐ, пожарникари. При падот на кулите близначки загинале дури 343 пожарникари додека се обидувале некако да помогнат.
Деветнаесет члена на Ал каеда го почнаа нападот со киднапирање четири патнички авиони, кои полетаа од аеродромите во Бостон, Њујорк и Вашингтон.
Киднаперите упаднале во кабините на авионите и користејќи ножеви за хартија како оружје, ја презеле контролата над леталото.
Првиот авион на „Американ ерлајнс“ удри во северната кула во 8.46 часот, а набргу потоа вториот авион на „Јунајтед“ удри во јужната кула. Третиот киднапиран авион удрил во центарот на Пентагон во Вашингтон, а четвртиот се урнал за време на борбата меѓу патниците и терористите, според официјалната верзија.
Подоцна, соодветните служби на САД оценија дека мозокот на нападите е Калид шеик Мухамед.
Пролетта 2011 година командоси на американската армија извршија рација во комплекс во Пакистан, каде што Осама бин Ладен, обвинет за терористички напади врз САД, се криеше и го убија. За ликвидацијата информира тогашниот американски претседател Барак Обама.
Во јануари 2013 година судијата на воениот суд во американската воена база во Гвантанамо, Куба, го отфрли барањето судењето на пет лица обвинети за нападите на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година јавно да се емитува на телевизија.
На местото на кулите во Њујорк беше подигнат споменик на жртвите, а беше изграден и новиот Светски трговски центар.
Секоја годишнина од нападот е и повод за разни шпекулации, според кои нападот бил инсцениран со цел да почнат нови војни под покровителство на борбата против тероризмот.