(ВИДЕО) Вучиќ: Многу ме погоди што Македонија гласаше за Резолуцијата за Сребреница

176

Српскиот претседател Александар Вучиќ при синоќешното гостување на ТВ Прва го коментираше гласањето на Резолуцијата за Сребреница, но и претставниците на црногорското владејачко мнозинство кои во собраниска процедура го доставија предлогот за резолуција за геноцидот во Јасеновац.

„Црна Гора никогаш нема да донесе закон, резолуција или декларација за геноцидот во Јасеновац. Нема да донесе, тоа го кажаа самите, но сами го кажаа мислејќи дека ќе купат два дена околу Сребреница и тогаш сите ќе заборават на тоа. – убеден е Вучиќ.

„Ви кажувам однапред и подготвен сум да се извинам ако не испадне така и најсреќен би се извинил, но за жал нема да има потреба да се извинувам“, продолжи тој. Тој истакна дека „најодвратно му било однесувањето на Црна Гора“ во однос на Резолуцијата за Сребреница.

„Не ме разочараа, затоа што тоа го очекував. Му реков на Спајиќ (на црногорскиот премиер) дека не мора да ме залажуваат, дека знам дека ќе гласаат за. Нема да им испратиме ни протестна нота затоа што гласаа дека сме геноцидни.“ изјави српскиот претседател, пренесува Нова.рс.

Тој изјави дека „посилно го погодила Северна Македонија“. „Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, но тоа не е фер. Испадна дека Грција има повеќе кичма од Скопје, и тоа е точно“, заклучи Вучиќ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content