(ВИДЕО) Апасиев повторно се степа во Собранието

106

Апасиев продолжува да прави циркуз во македонското Собрание. Тој влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев. Тој фрли и слушалки накај него, се обиде и физички да се пресмета. Во мешаницата се вмеша и Борислав Крмов од Левица.

Не престанува циркузот во македонското Собрание предизвикан од лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Наместо аргументи во законодавниот дом денеска имаше циркуз каде повторно во центарот на вниманието беше пратеникот и лидер на Левица. Тој најпрво влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев. Тој фрли и слушалки накај него, се обиде и физички да се пресмета.

Во мешаницата во Собрание беше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Апасиев видно изнервиран наместо со аргументи проба со физичка сила да се пресмета со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ. Според медиумите, Апасиев видно изнервиран му се дерел на Јованчев и го споменувал неговото семејство.

Освен Апасиев, се вмеша и пратеникот од Левица, Борислав Крмов. Тој влезе во конфликт со пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Велјановски, па за малку не си разменија тупаници.

Се вмеша и собранискиот спикер Африм Гаши со цел да ја смири ситуацијата даде пауза. На крајот, интервенираше и собраниското обезбедување.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content