Oрганизаторите го повикуваат секое семејство на својот балкон или прозорец да го развиори македонското знаме.
„Денес продолжуваме со протестен марш. Во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека Уставот не е тоалетна хартија, па се до Собранието. Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија. Да кажеме НЕ на Ултиматумот“, се наведува во информацијата за протестот.