Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, определена како ден за чување на гробот, кој ги спојува распнувањето и радоста.

117

Утрешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.

Православните верници ги прават последните подготовки пред прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.

Утре вечер се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе“ трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.

На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе“.

Велика сабота е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.

Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. На утрешниот ден верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content