Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со хуманитарната организација „Св. Спас“, предводена од отец Оливер, организираа Велигденски ручек за сограѓаните од социјален ризик.
Велигден е празник над празниците, на победата на животот над смртта, ден на благослов, благодарност, на подадена рака и најрадосен ден. И бидејќи радоста треба да се сподели со сите, денес поделивме Велигденски ручек за нашите сограѓани од социјален ризик, а во соработка со хуманитарната организација „Св. Спас” и нејзиниот предводник – мојот драг пријател отец Оливер, како и дел од мојот тим, е пораката на Ѓорѓиевски.