Вежбовни активности на МВР на подрачјето на Охрид

100

Полицијата од денеска на подрачјето на Охрид ќе отпочне со подготвителни активности за показна симулациска вежба што припадници на МВР ќе ја реализираат на 17 овој месец кај каналот „Студенчишта“, како и на одредени точки во водите на Охридското Eзеро.

Поради тоа, од денеска до 17 октомври во периодот од 5 до 13 часот ќе има ограничувања на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од Каналот до хотелскиот комплекс „Инекс“. Во односниот период, како што информираат од СВР – Охрид, ќе има целосна забрана за движење по пешачките патеки околу комплексот „Инекс“ како и забрана за паркирање на паркинг-просторот кај хотелот „Инекс Олгица“.

На 17 октомври кога е предвидено изведување на показната вежба, од 10 до 13 часот забрана за движење ќе има и на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“, истакнуваат од СВР Охрид.

Истовремено се упатува апел до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници на просторот каде ќе се применуваат безбедносните мерки.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content