Вевчани се подготвува за Вевчанскиот карневал

38

На 12 јануари веќе традиционално се организира програма од забавна, а на 13-ти од народна музика и сето тоа испреплетено со традиционалното дефиле на маски, кое завршува со палење на маските на 14 јануари во центарот на Вевчани. Подготовките за Вевчанскиот карневал се веќе почнати. Очекувајте прекрасно издание со одлична програма, која ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители и учесници, најавува Општина Вевчани.

И василичарските друштва Горна и Долна маала се подготвуваат за најочекуваниот ден во годината во Вевчани, но изборот на маските не го откриваат до последен момент, до дефилето на 13 јануари.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал почнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. Неизоставен дел од традицијата се зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година. Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Вевчанскиот карневал е една од најстарите манифестации со традиција од околу 15 века.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content